Скандал на тениски меч: Го удрил судијата со рекет и го повредил

Неверојатна сцена на Челенџер турнирот во Шарлоствил (САД). Домашниот претставник Мајкл Мох со рекет го удрил линискиот судија и притоа потешко го повредил.

Нервозен поради загубен поен против Даријан Кинг (Барбадос) бесот одлучи да го искали на погрешен начин.

Судијата падна на теренот, а лекарите мораа да влезат и да му укажат помош.

Очекувано, Мох е веднаш дисквалификуван и му се заканува долга суспензија заради инцидентот.

Да бидат работите уште побизарни, неговиот противник Кинг на истиот турнир заради сличен инцидент беше суспендиран пред две години.