Скарлет се откажа, нема да глуми трансексуалец

LinkSense.mk

Актерката Скарлет Јохансон не ја прифати улогата во филмот „Rub and tug“ во кој би требало да игра трансексуалец, гангстерот Данте Текс Гил, после критиките дека таква ролја би требало да му се довери на соодветно лице.

Јохансон изјави дека многу сакала да го игра главниот јунак но дека и е јасно зошто многумина сметаат дека би требало да го глуми трансродно лице.

Таа нагласи дека е многу благодарна што тоа поттикна приказна за различностите во општеството и во пренесувањето на таквите теми на филм.