„Скај спортс“: Роналдо најдобро засилување во историјата на Премиерлигата

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо е избран за најдобро засилување во историјата на Премиерлигата, во избор на британската телевизиска станица „Скај
спортс“.

Роналдо играше во Премиерлигата од 2003 до 2009 година за Манчестер јунајтед, по трансферот од Спортинг Лисабон за сума од 17,5 милиони евра. Освои три шампионски титули во Премиерлигата, како и трофејот во Лигата на шампиони во 2008 година.

Роналдо во изборот на „Скај Спортс“ ги остави зад себе легендата на Арсенал, Тиери Анри, како и „иконата“ на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона.

Топ десет засилувања во историјата на Премиерлигата во избор на „Скај спортс“

1. Роналдо, 2. Анри 3. Кантона 4. Лампард 5. Рој Кин 6. Дрогба 7. Сол Кембел 8. Руни 9. Компани 10. Ширер.