Скромно закрепнување на британската економија во јули

LinkSense.mk

Бруто домашниот производ (БДП) во јули порасна за 0,2 отсто во однос на јуни, кога падна за 0,6 отсто, објави британскиот Завод за статистика.

Во трите месеци до крајот на јули БДП во Велика Британија стагнираше во однос на претходните три месеци, извести Заводот.

Најголем двигател на растот во јули беше услужниот сектор, со раст на активноста од 0,4 отсто на месечно ниво. Закрепнувањето на услужната дејност следеше по падот од 0,5 отсто во јуни во однос на претходниот месец, покажуваат официјалните статистички податоци.

Секторот компјутерско програмирање, консалтинг и слични дејности забележа најголем скок, за 1,5 отсто во однос на јуни.

Уште посилен беше растот во телекомуникацискиот сектор беше уште посилен, со стапка од 1,9 отсто.

Најголема тежина за БДП во јули беа рекордно високите температури, поради кои беа изгубени многу работни денови, особено во градежниот сектор бидејќи беше премногу топло за да се работи на градилиштата. Активноста во градежништвото падна за 0,8 отсто.

Пад бележи и индустријата, за 0,3 отсто, поради намаленото снабдување со електрична енергија, гас, пареа и разладни средства за 3,4 отсто. Во јуни активноста е намалена за 0,9 отсто.