Словенија има нова политичка ѕвезда – Роберт Голоб

LinkSense.mk

Роберт Голоб е новата ѕвезда на словенечката политика. На неделните избори едноставно го прегази ветеранот Јанез Јанша, кој е во политиката повеќе од триесет години, а Голоб е во полн политички ангажман само три месеци.

Движењето за слобода“ е убедлив победник на изборите, со резултат што во Словенија го имаа само Јанез Дрновшек и Мирослав Церар.

Педесет и петгодишниот електроинженер не ја прослави големата победа со своите сопартијци поради заразата со корона вирусот, туку се обрати преку видео врска.

Ваква излезност во Словенија немаше дваесет години, а ниту победниците не очекуваа ваков триумф.

Очигледно, Словенците сакаа промени, заситени со стари лица и вечните препукувања меѓу десницата и левицата.

Сигналот за целосен ангажман во политиката Роберт Голоб го добил кога Јанша го смени од функцијата претседател на управниот одбор на најголемата државна електроенергетска компанија ГЕН-1. Зад себе тој веќе имаше неколку аматерски ангажмани во политиката, како член на Позитивна Словенија, основана од градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, потоа трансфер во партијата на Аленка Братушек, а во јануари годинава се кандидираше за претседател на Зелената акција, која набрзо го смени името воДвижење за слобода“.

Зелено-левичарското движење беше неочекувано добро прифатено во Словенија, а либералниот центар беше вистинска алтернатива на популистичката влада на Јанез Јанша.

На изборите не се гласа против Јанша, туку против полициската држава“, зборуваше Голоб во кампањата.

Тој е родум од Горица, со всаден антифашизам, како и повеќето во тој крај. Својот политички ангажман го најави „малку лево, малку десно“, а како деловен човек добро ги запозна сите политички центри на моќ. Беше и државен секретар за време на владата на Дрновшек, а како лидер на големата словенечка компанија се покажа како врвен менаџер. Им овозможи на Словенците да имаат целосна контрола и преглед на потрошувачката на гас и струја, а тој самиот заработи многу пари. И редовно плаќал даноци.

Шеснаесет години ја водеше компанијата која се прошируваше во регионот, а потоа Јанша направи, се чини, непромислен потег и го смени.

Политиката не ме стави на оваа позиција, но ме принуди сам да почнам да се занимавам со политика“, велеше Голоб на средбите со гласачите.

Владеењето на Јанша го нарече „владејачка клика“ која нема никаква врска со десничарските вредности и учењата на Исус.

Поради долгата коса медиумите го нарекуваат и „чудесното момчена словенечката енергетика, кој е и деловен визионер, а по душа и срце и не е вистински политичар. Не сака компромиси, а зад себе има и научна кариера како доктор на науки и доцент на факултет.

Најави дека како премиер посебно ќе биде фокусиран на здравството и климатските промени, а на политички план Словенија ќе ја врати од десно во центар. Многумина, пак, сметаат дека Словенија е пред нов експеримент, но и предупредуваат дека новите лица во политиката не секогаш носеле значајни промени.

И, бидејќи ништо не може да помине без Русите, поразениот СДС тврди дека Москва се вмешала и на овие избори. Како, никој не открива.