Смена на лидерот на Синдикатот

Отворената поддршка на ВМРО-ДПМНЕ ја прели чашата во Синдикатот, Никола Груевски и Живко Митревски на потпишувањето на Мемурандумот за соработка

Дарко Димовски е нов лидер на Сојузот на синдикатите на Македонија. Димовски кој досега беше секретар на Советот, доаѓа на местото на Живко Митревски.

Смената на досегашниот прв човек на ССМ била направена на седница на 13 ноември поради, како што се наведува од Синдикатот, тоа што тој подолг период одржувал седници на претседателството и на Советот на ССМ без кворум, носел одлуки спротивни на статутот и на штета на повеќето гранкови синдикати и заради идзавањето имот на своја рака.

Во Централниоит регистер сеуште не е запишана промената на лидерската позиција.

Новиот претседател најавува прес конференција на која, како што е истакнато во соопштението до медиумите, ќе ги изнесе сите детали за случајот.

Сменетиот Митревски, пак, соопшти дека поднел кривична пријава против министерката за труд и социјална политика,
Фросина Ременски, и уште пет други лица заради, наводно, сторена злоупотреба на службената положба и овластување.

Ременски, обвинува Митревски, донела решение за негова смена од претседателското место врз основа на фалсификуван документ.

Митревски е на чело на ССМ од 2010 година кога го замени Ванчо Муратовски. Лани во мај на Митревски му беше доверен уште еден мандат.