Сметките за парното греење во Скопје остануваа исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека донесе одлуки со кои вкупната цена на испорачаната топлинска енергија на трите компании на територијата на Град Скопје во просек незначително се намалува.

– Со овие одлуки со кои има незначително намалување на цената на топлинската енергија, сметките што ќе ги добиваат потрошувачите приклучени на БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Скопје Север практично ќе останат на исто ниво како и во изминатата грејна сезона. Со оглед на исклучително сложениот период во кој се наоѓаме со пандемијата Ковид 19, трошоците на енергетските компании се пресметани на минимално ниво. Анализите укажуваат дека греењето на топлинска енергија преку централните системи за греење на трите компании во град Скопје останува најекономично и еколошки нај оправдано решение. Апелирам секое домаќинство што е приклучено на системите на топлинска енергија од трите компании на територијата на град Скопје да го користат овој енергенс, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

На централните системи за греење на трите компании кои се во градот Скопје приклучени се околу 58.000 потрошувачи.