Советот на Град Скопје ја усвои листата на имиња на улиците

Советот на Скопје вчера ја усвои листата на регистарот на имињата на улиците во главниот град, објави доцна синоќа на Фејсбук градоначалникот Петре Шилегов.

– Заврши седницата на Советот на Град Скопје. Усвоена листата на регистарот на имиња на улиците во Скопје. „Мексичка“, „Ленинова“, „Железничка“… се враќаат во нашето Скопје, напиша Шилегов.

Како што и претходно најавија градските власти, неколку улици во Скопје ќе добијат нови имиња, односно ќе ги вратат старите.

Шилегов неодамна изјави дека процесот е започнат уште во 2019 година и оти биле вклучени размислувањата на граѓаните, за разлика од порано кога насилно беа преименувани улици и кршена волјата на скопјани.

На промена на имињата се противат советниците од опозициската ВМРОДПМНЕ.