Аукциската куќа Сотби денес го понуди на продажба дијамантот „Сино небо“ поставен во Картие прстен, за кој се очекува дека ќе донесе до 25 милиони долари, плус две парчиња дијамантски накит кој потекнува од рускиот царски дворец.
Од Сотби наведуваат дека дијамантот од 8,01 карати, кој ја доби најдобрата оценка од Американскиот институт за накит, е главен предмет на денешната аукција во Женева.
На аукцијата, исто така, ќе биде изложена и дијамантски ѓердан која, како што се наведува, ја нарачала руската царица од 18 век Катарина Велика и дијамантскиот сет за кој се верува дека бил подарок на сопругата на Петар
Велики од отоманскиот султан Ахмед Трети како дел од миротворните преговори.
Се очекува дека секој ќе биде продаден за цена меѓу три и пет милиони долари.
Аукциската куќа Кристи во вторникот продаде дијамантски накит на аукција во Женева за 97 милиони долари.