Социјалистот Пејон најавува влез во претседателската трка

Поранешниот француски министер за образование, Винсент Пејон најави дека ќе се кандидира за номинација во Социјалистичката партија за претседателските избори во Франција, кои ќе бидат одржани во 2017 година.

Пејон вели дека сака да се воведе единство во поделената Социјалистичка партија.

„Внатрепартиските избори се машина за производство на единство. Сакам да бидам кандидат кој се ќе спои“, изјави за француската телевизија Пејон, кој е пратеник во Европскиот парламент.

Откако актуелниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, претходно објави дена нема да се кандидира за втор мандат, премиерот Мануел Валс поднесе оставка за да влезе во претседателската трка.

Француската социјалистичка партија ќе одржи внатрепартиски избори на 22 и 29 јануари.
Претседателските избори во Франција се предвидени за април и мај 2017 година.