Со 19 години освоила седум светски врвови

На деветнаесетгодишната Јапонка Марин Минамија и недостасува само да го освои Северен пол и така да стане најмладата која се искачила на највисоките врвови на сите континенти и стигнала на двата пола.

Семејството на Марин Минамија, која детството го минала во Малезија, Шангај и Хонгконг, било изненадено кога девојката се одлучила на овие потфати со оглед на тоа дека никој нејзин роднина до тогаш не покажувал интерес за вакви или слични нешта.

planinarka-2

Марин сега студира политички наули и економија во Токио, а желбата за освојување на врвови ја открила на 13 години, во текот на училишна екскурзија.

Во тоа време таа и нејзините родители живееле во Хонгконг.

Еден ден учениците отишле на планинарење и за Марин тоа, како што вели, било „освежување“.

NEPAL-JAPAN-MOUNTAINEERING-MINAMIYA

Марин, која до тогаш се занимавала со спорт, со пливање, јавање и одбојка, прво тргнала во освојување на Непал и на Тибет.

Тренирајќи за нови потфати, Марин за година и пол се искачила на Аконкагва, Килиманџаро, масивот Винсон, врвот Кошчушко, Елбрус, Еверест и Денали.

Таа вели дека најтешко и било искачувањето на Елбрус во Русија.

planinarka-6

Иако врвот е на „само“ 5.642 метри надморска височина и требало да биде меѓу најлесните потфати, младата алпинистка вели дека било исклучително тешко поради лошите метеоролошки услови.

Марин, која 20 години ќе наполни на 20 декември, следната експедиција ја планира за април следната година, на Северен пол.

После тоа, иако за себе тврди дека не е авантуристка, вели дека би сакала со едрилица по воден пат да го обиколи светот.

planinarka-5

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA