Спасени илјада мигранти

Италијански полициски тимови спасија 1.164 мигранти, кои во шест гумени и еден голем дрвен чамец по тешки временски услови се обидоа преку Медитеранот да стасаат до италијанскиот брег.

Во таа операција спасувачката служба извлекла и шест тела на мигранти кои не преживеале.

Повеќето од мигрантите се од Либија.

Италијанската крајбрежна стража и морнарицата информираа дека спасиле луѓе кои се наоѓале во седум чамци, но не даваат детали за шестмината починати.

Организацијата „Лекари без граници“, која исто така учествуваше во спасувањето, на Твитер профилот опиша како изгледало спасувањето по лошото време.

„Дождот силно врнеше во текот на спасувањето. Зимата на Медитеранот е сурова“.

Меѓународната организација за миграција соопшти дека 4.175 лица се удавиле годинава во водите на Средоземното море, главно луѓе од Либија.