Спасовски: Без оглед за кого и да се работи мора да се постапи за секоја „бомба“

Премиерот Оливер Спасовски изјави дека не ја слушнал најновата „бомба“ која денеска беше објавена од разговор меѓу Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичеец, но дека за секоја таква објава треба да има постапување од институциите без оглед за кого се работи.

– Секоја состојба којашто има какви било индиции, има институции, има обвинителство, нека покренат постапки, нека ги повикуваат на разговори.

Гледам, секој ден имаме докази. И денес слушнав за некоја од тие „бомби“ за финансирање кампањи за опозициски политички партии. Мора да има постапување, без разлика за кого тоа се однесува, рече Спасовски по увидот на градежните работи за спортска училишна сала во ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром.