Спасовски: Институциите гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот

LinkSense.mk

Правото на глас е неприкосновено и никој не смее да го загрози. Тајноста на гласот е гарантирана, а институциите ќе гарантираат беспрекорно спроведување на референдумот на 30 септември, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Секој граѓанин, како што истакна Спасовски,  треба да гласа по сопствено убедување и сопствена волја.

„Гласот на граѓаните одлучува за иднината на Македонија. Полицијата е на висина на задачата да овозможи демократски гласачки амбиент и слободно изразување на волјата на граѓаните“, рече Спасовски.

Тој истакна дека ќе биде санкциониран секој обид за попречување на остварувањето право на глас.

„Македонија е слободна демократска земја со европски манири. Секаков вид пристисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно законите.

„Ова важи и за активностите на интернет. Секој обид за попречување на остварувањето на правото на глас ќе биде санкциониран“, нагласи Спасовски.