Спасовски се сретна со новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Која

LinkSense.mk

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денска имаше средба со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводени од новоименуваниот шеф на мисијата, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата, како што соопшти МВР, акцент бил ставен на изработката на низа стратешки документи важни за реформските процеси во рамки на Министерството за внатрешни работи, особено во делот на развојот на човечките ресурси, стручната и професионална едукација и развојот на полицијата.

Министерот Спасовски и амбасадорот Која разговарале и околу претстојниот референдум и активностите што МВР ги презема во рамки на своите надлежности со цел на 30 септември изјаснувањето на граѓаните да помине во најдобар ред.