„Спотифај” пристигнува во Северна Македонија

„Спотифај”, најпопуларната светска платформа за семрежен аудио пренос со претплата е достапна од 15 јули и во Северна Македонија.
Со светска заедница која брои повеќе од 286 милиони слушатели, вклучувајќи и 130 милиони премиум претплатници на глобално ниво, „Спотифај” ќе овозможи најдобро искуство во слушање на локална и меѓународна музика со над 50 милиони песни и 1 милион подкасти во Северна Македонија. Услугата „Спотифај” е бесплатна или со можност за надградба на „Спотифај Премиум”, услуга со претплата која им овозможува на корисниците да уживаат во музиката без да бидат прекинувани од реклами.
Покрај влегувањето во Северна Македонија, денес „Спотифај” стартува и на 12 нови пазари, вклучувајќи ги Молдавија, Казахстан, Белорусија, Русија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Црна Гора, Србија, Украина и Хрватска.
Корисниците на Северна Македонија може да се надоградат на „Спотифај Премиум” за врвно искуство на „Спотифај”за 4,99 евра месечно. Premium Family е достапна за 7,99 ЕУР за најмногу 6 членови на семејството кои живеат заедно. Новиот „Spotify Premium DUO” (6,49 ЕУР) е услуга за претплата на две лица односно двојки која вклучува „Duo Mix”, автоматски ажурирана плејлиста која комбинира музика што ја уживате вие и вашиот партнер/ка – така што домашните спорови околу тоа кој е домашниот диџеј ќе бидат сведени на минимум. „Spotify Premium for Students” ќе чини 2,49 ЕУР месечно.
„Денешното стартување ја отвора вратата за скоро 250 милиони обожаватели кои ќе може да започнат со откривање на нова музика и подкасти од целиот свет на „Спотифај”, а уметниците во регионот да ја допрат се’ поповрзаната глобална публика и обожаватели“, вели Федерика Тремолада, Управен директор за Јужна и Источна Европа на „Спотифај”.
Таа, исто така додава дека стартувањето на овие 13 пазари е важен момент во приказната на „Спотифај”, особено затоа што им посакуваме добредојде на обожавателите и уметниците на растечките музички пазари, како Северна Македонија, каде расте семрежниот пренос и каде гледаме значајна можност за „Спотифај”.
„Спотифај” пристигнува во Северна Македонија со голем број извонредни опции што ја направија најпопуларна музичка апликација во светот, вклучувајќи повеќе од 50 милиони песни, 1 милион подкасти и над 4 милијарди плејлисти кои нудат најпопуларна музика од Северна Македонија како и меѓународна музика, најдобра-во-категорија персонализирани музички препораки, секојдневно ново музичко откритие и слобода за слушање низ широк спектар на уреди и интеграција на апликации со „Инстаграм”, „Фејсбук”, „Самсунг”, „Андроид ТВ”, „Гугл Мапс” и многу други.
Прилагодено за Северна Македонија „Спотифај” го редизајнираше музичкото искуство за Северна Македонија со нов сет на ексклузивни опции: Спотифај Бесплатно за сите:
За да се изгради искуство кое додава вредност на богатата музичка индустрија од Северна Македонија и да го засили музичкото искуство, апликацијата „Спотифај”е достапна бесплатно за сите корисници во Северна Македонија.
Опслужувачот за музичка препорака на „Спотифај” сега може да се прилагоди за Северна Македонија, така што локалните корисници ќе може да уживаат персонализирани опции за пребарување, вклучително и Daily Mix (до шест индивидуални плејлисти, кои ги комбинираат вашите омилени песни со нови песни што ние сметаме дека би ви се допаднале), Release Radar(персонализирана плејлиста со нова музика заснована врз артистите што ги следите и најмногу ги слушате, ажурирани секој петок) и Discover Weekly” (плејлиста заснована врз вашите уникатни навики на слушање).
На „Спотифај”, луѓето можат да вршат семрежен пренос или да преземаат подкаст епизоди на Android и iOS, десктоп, преку конзоли за игри, автомобили, телевизори, смарт звучници и на било кој друг уред на кој се вклучуваат.
Spotify for Artists : Платформата нуди алатки кои им помагаат на артисти, менаџери и дискографски куќи да ги следат во реално време статистиките за нови изданија, да ја разберат нивната публика, да се поврзат подлабоко со обожавателите и да ги водат своите бизниси.
Spotify for Podcasters : Затоа што луѓето се најавуваат и слушаат секој ден, „Спотифај” дава сеопфатна слика за тоа кои се слушателите, кои епизоди најмногу ги стримуваат, па дури и музиката што ја сакаат – увиди што ќе им помогнат на авторите да ги испланираат идните епизоди или да најдат спонзори.
„Инстаграм” корисниците во Северна Македонија ќе можат да ја активираат долгоочекуваната опција за музичко – стори на „Инстаграм”, што овозможува да се споделат песни, албуми и плејлисти во нивните „Инстаграм – сторис”.
Стартувањето на „Спотифај” во Северна Македонија, заедно со влегувањето на 12 дополнителни пазари, ја носи платформата на вкупно 92 „Спотифај” пазари.
За да уживате во музиката на ваш начин, преземете ја апликацијата „Спотифај” денес преку App Store за Android или iOS или преку веб- страната www.spotify.com/mk.
Кога стартувавме во 2008 година, „Спотифај” засекогаш го трансформираше слушањето музика. Нашата мисија е да го извадиме на површина потенцијалот на човековата креативност со тоа што ќе им дадеме можност на милиони креативни уметници да живеат од својата уметност и можност на милијарди обожаватели да уживаат и да бидат инспирирани од овие креативци. Сè што правиме е водено од нашата љубов кон музиката и подкастите.
Откријте, управувајте и споделувајте над 50 милиони песни, вклучително и повеќе од 1 милион подкасти, бесплатно или надградете се на „Спотифај Премиум” за пристап до ексклузивни музички опции, вклучувајќи подобрување на квалитетот на звукот и on-demand опцијата, офлајн и слушање музика ослободено од реклами.
Денес, ние сме најпопуларната светска платформа за семрежен аудио пренос со претплата, со заедница која брои повеќе од 286 милиони корисници, вклучувајќи 130 милиони „Спотифај Премиум” претплатници, на 92 пазари.
За повеќе информации, фотографии или контакт со медиа тимот, упатете се на нашата официјална страница https://newsroom.spotify.com/.