СПЦ ја одобри афтокефалноста на МПЦ-ОА

LinkSense.mk

Браќа и сестри, ви носиме радост… Светиот архиерејски собор на Српската православна црква, едногласно, ја благословува и одобрува афтокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија“, рече српскиот патријарх Порфириј, на заедничката божествена литургија што со поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан, ја одржаа во Соборниот храм во Скопје

Патем, истакна дека откако ќе се разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт, ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА“.

Да се радуваме денеска, со нас денеска се радува целата црква, се радува и небото и змејата, се радуваат сите кога браќата се сакаат и кога го слават името Божје. Да се радуваме сите ние кои после 55 години служевме Света литургија, прво во Белград, а сега и во Скопје, за само неколку дена. Бог не ги постави границите да се делат луѓето. Границите значат можност секој народ подобро да се организира да има свој посебен печат. Не да се затвори во себе, не да биде самозаљубен. Бог ја создаде различноста и секому даде дар на посебност“, кажа Порфириј.

Поглаварот на Српската православна црква вчера попладнето пристигна во Скопје, заедно со митрополитот црногорски и приморски Јоаникије, епископот сремски Василиј, епископот бачки Иринеј, зворничко-тузланскиот Фотие и крушевачкиот Давид.

Со литургијата што минатата недела се одржа во Белград, и оваа денешнава во Скопје, се надмина 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење.

 

 

 

 

 

(Фото: МИА)