Срамно однесување на Данела Арсовска, не се појави на доделувањето на наградите „13 ноември“

LinkSense.mk

Соопштение за јавност

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, не присуствувала на доделувањето на наградите „13 Ноември“.

Срамно неодговорно и несериозно е градоначалничката да не присуствува на церемонијата што ја организира Град Скопје, на доделување на една од најпрестижните награди во македонското општество.

Заради политиканство Арсовска не ги испочитува бројните доктори, професори, уметници кои се добитници на овогодишената награда.

Никогаш досега во историјата на Град Скопје не се случило градоначалникот да не присуствува на доделувањето на 13-ноемвриските награди. Постапката на Арсовска е опасен преседан.

Уште во првите денови од мандатот, скопјани сведочат на арогантноста и неодговорноста на Арсовска.

Со вакво однесување, со поделби и незрело однесување, Арсовска не може да биде градоначалничка на сите граѓани на Скопје, таа само покажува дека е иста како ВМРО-ДПМНЕ, дека нејзините лични интереси и се побитни од интересите на Скопје и скопјани.

Арсовска самата потврди дека е кадар на режимот на Никола Груевски.