Српски Курир: Груевски го финансирал проусташот што го нападна Заев

Напнатоста во Македонија не се намалува, а на социјалните мрежи се појавија докази, односно фотографии на хулиган кој во македонското Собрание ги напаѓа пратениците, а носи маица со симбол на усташкиот ХОС.

Српскиот портал Курир објави фотографија за која тврдат дека еден од напаѓачите на пратениците, за кој медиумите пишуваат дека удрил по лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е фотографиран со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

ustas

Порталот пишува дека проусташот бил водач на напаѓачите со фантомки кои удрија по пратениците од парламентарното мнозинство.

Насилникот носи маица на усташкиот и фашистичкиот ХОС (Хрватски одбранбени сили) со натпис „За дом спремни“.

ustas 5

ХОС на почетокот на војната во Хрватска ја основаа познатите екстремисти и националисти, Доброслав Парага и Анте Параџиќ.

Бројни припадници на ХОС во текот на војната во 90-тите носеа црни униформи и усташко обележје од Втората светска војна.

vlado-georgiev-cernozemski-makedonija-foto-printscreen-fb-1493368560-1170783

ХОС, исто така, била скратеница и за Хрватските вооружени сили во НДХ, кои се формирани во 1944 година со спојување на домобранките и усташките единици.

Според некои наводи, пишува Курир, Никола Груевски е поврзан со овие кругови и финансирал неоусташки движења како што е ХОС.

Припадникот на фашистичкото усташко движење командува со тепачите со фантомки да го западнат лидерот на СДСМ, Зоран Заев и пратениците од оваа партија.