Стадионот „Калифа“- Катарскиот „Вембли“

LinkSense.mk

„Калифа Интернешнл“ е единствениот од осумте мундијалски стадиони во Катар што не мораше да се гради од темел – постоеше таму и многу порано, од 1970 година, но дури во мај 2017 година го доби својата сегашен, препознатлив лик.

Некои го нарекуваат и катарски „Вембли“, иако двата големи лакови, а не само еден, се неговиот препознатлив знак. Сводовите постоеле и порано, а останале недопрени при реконструкцијата – нова е само големата настрешница што ги поврзува.

Името го добил по Калифа Хамад ал Тани – поранешен катарски Емир.

„Калифа Интернешнл“ е и голем атлетски стадион – на него веќе се одржа Светското првенство на „кралица на спортовите“, а ќе се користи и за Азиските игри во 2030 година, но и за други светски настани, со тоа што атлетиката патеката нема да се види за време на Мундијалот, „камуфлирана“ е со трева.

Дигиталното осветлување и модерната фасада се работите по кои се разликува новиот, во споредба со стариот „Калифа“. Тука е, се разбира, и модерниот систем за разладување, за да се создаде пријатна атмосфера, и за играчите и за навивачите, во топлите денови.

Покрај петте натпревари од групната фаза, овој објект ќе биде домаќин на еден осминафинален натпревар, како и на мечот за третото место.