Стампедо на стадион во Ангола, 17 загинати

Најмалку 17 лица загинаа, а стотина се потешко повредени во стампедо на фудбалски стадион во градот Ујга, на северот на Ангола.

Инцидентот се случил кога навивачите јурнале кон влезот откако не можеле да набават билети.

Во општиот метеж и гужвата многумина паднале на земја и се загушиле, изјавиле болнички извори, пренесува Би-Би-Си.

На стадионот кој има капацитет од 8.000 гледачи, требало да се одигра натпревар од првата лига меѓу „Санта Рита да Касиа“ и „Рекратови до Либоло“.

„Во болница се примени 76 лица, од кои 17 починаа“, рекол Ернесто Луис, директор на локалната болница за агенцијата Ројтерс.

Тој додал дека пет лица се во критична состојба.