Стивен Сигал стана специјален руски претставник

Американскиот актер Стивен Сигал (69), долгогодишен поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин, се зачлени во партија блиска на Кремљ, соопштија денеска од Само Русија–Патриоти–За вистина.

Сигал, мајстор за боречки вештини и актер во многу акциони филмови, како и музичар и активист за заштита на животната средина, доби членска книшка, а видео снимката од зачленувањето е објавена во саботата, пренесува Ројтерс.

Новата руска партија чиј член стана е формирана годинава, кога три левичарски партии кои го поддржуваат Путин, се споија во една.

Американскиот актер, кој руско државјанство доби во 2016 година, предложи акции против компаниите кои ја загадуваат околината.

„Без можноста да се апсат луѓе, кога само ги казнуваме финансиски, тие ќе прават само уште поголема заработка работејќи го она што до сега го работеле – би ја уништувале средината“, изјави Сигал во својот прв говор како член на партија.

Партијата, чиј еден од лидерите е познатиот писател Захар Пилепин, контролира група во државната Дума, а планира да излезе на парламентарните избори во септември.

Сигал е именуван за специјален претставник на Министерството за надворешни работи за руско-американските хуманитарни односи.

Тој на почетокот на мај, годинава, ја посети Венецуела и на левичарскиот претседател на таа јужноамериканска земја, Николас Мадуро, му предаде самурајски меч.