Стогодишник со велосипед помина 22 км. за еден час

Роберт Маршан, Французин стар 105 години, влезе денес во историјата откако за еден час помина со велосипед растојание од 22,52 километри на велосипетска патека во близина на париз.

Маршан е многу популарен во Франција и на крај го дочекаа стотина негови фанови во местото Сен-Квентин-ен-Ивлин.

Тој сепак не успеа да го надмине својот личен рекорд од 26,927 километри во категоријата натпреварувачи постари од 100 години, кој го постави во 2014 година.