Стогодишници откриваат: Во што е тајната на долговечноста?

LinkSense.mk

Ричард Овертон (112), најстариот маж во Америка, го сподели неговиот совет за долг и здрав живот.

Овертон го прослави 112 роденден во петокот и тврди дека нема болки ни во длабоката старост. Поради тоа многумина се прашуваат во што е тајната на долгиот и здрав живот. На ова прашање Овертон одговара: не умирај.

Овертон секое утро го започнува со насмевка, спремен за шегување, а понекогаш пуши и по 12 цигари на ден. Исто така сака да пие виски. Има обичај да додава малку бурбон во утринското кафе “како лек”, a пие од едно до четири кафиња дневно.

Освен овој интересен Американец, и други стогодишници споделија совети за долг живот. Најстарата жена на Шкотска Џеси Галан изјави дека нејзиниот рецепт за долг живот е да држењето што подалеку од мажите.

“Повеќе носат проблеми отколку корист”, изјави Галан пред неколку години.

Гледис Гот од Англија исто така смета дека тајната на нејзината долговечност лежи во тоа што никогаш не се мажела ниту имала врска.

Оваа година Јунис Модлин од Индијана го прослави 102. роденден.

“Јаде по два реда црно чоколадо дневно и често дреме”, вели нејзината внука.

Дорис Олив Нетинг минатиот петок го прослави стотиот роденден со чаша пиво. Таа со години наназад пие пиво секој ден.

Ема Морано, која почина на 117 години, во една прилика изјави дека за нејзината долговечност се заслужни добрите гени и јадењето три јајца дневно