Страотна смрт: Мигранти се загушија во потпалуба на чамец

LinkSense.mk

Тела на десет лица се пронајдеи во преполн чамец со мигранти во близина на брегот на Либија и се чини дека жртвите за загушиле, соопшти денеска организацијата „Лекари без граници“.

Екипажот на спасувачкиот брод „Гео Баренц“ извлече 99 луѓе од чамецот кој потона, а потоа во мал простор под палубата ги пронајдоа телата.

Во соопштението се наведува дека воздухот под палубата мирисал на гориво и дека жртвите настрадале како резултат на загушување од гасовите додека чамецот пловел 13 часови на отворено море.

Десетици илјади луѓе се обидуваат да влезат во Европа секоја година преку централниот дел на Средоземното море. Тие испловуваат од Либија и Тунис и тргнуваат најчесто кон Италија.

Од почетокот на годината на оваа рута загинаа 1.236 луѓе, а во истиот период минатата година настрадаа 858 лица, се наведува во извештајот на Обединетите нации.

 

 

 

 

(Фото: АП)