Страшни сцени во Јапонија: Вода збриша пола град

Двајца мртви, 20 исчезнати и неколку уништени куќи е епилогот од катастрофата кога среде силниот дожд во градот Атами во областа Шизоку во Јапонија се слеа воден порој кој носеше се пред себе, што го забележаа и камерите.

Видео снимката која се појави на социјалните мрежи прикажува надојдена вода која се спушти од околните брда во градот Атами како носи се пред себе, дури и куќи. Камерата го забележала и моментот кога од среде поројот под полн гас се обидува да се одалечи противпожарно возило, а пожарникарот со трчање да спаси гол живот пред водата.

Јапонската телевизија ХНК ги цитираше регионалните функционери кои соопштија дека има двајца починати, а дека 20 лица се водат за исчезнати.

Медиумите јавуваат дека 14 лица се евакуирани и сместени во зградата на локалниот музеј.

Во Атами е прогласено предупредување од највисоко ниво за повеќе од 35.600 луѓе и за 21.000 домаќинства.

Налози за евакуација се издадени за жителите на областите Шизоку и Аичи, како и за оние од подрачјата кои го опкружуваат Токио.