Стрмоглав пад на биткоинот

Најпознатата криптовалута биткоин стрмоглаво падна за дури 15 отсто, само неколку дена откако достигна рекордно ниво.

Најголемата криптовалута според пазарната вредност падна за отприлика 60.000 долари, на 52.148, за само петнаесет минути во текот на азиската сесија, ликвидирајќи речиси 4 милијарди долари од вредната позиција на пазарот на деривати.

Иако вистинската причина за крахот не е позната, расположението на пазарот може да се влоши заради гласините дека американското министерство за финансии планира да казни неколку финансиски институции за перење пари со помош на криптовалути, пренесува „Си биз“.