Строга проверка на пилотите од 2020 година

LinkSense.mk

Европската унија воведува ново правило кое подразбира построга проверка на менталното здравје на пилотите, а на сила ќе стапи во 2020 година.

Како што пренесува АП, оваа одлука е донесена после авионската несреќа во 2015 година кога авион на компанијата „Герман вингс“ се сруши во Алпите.

Европската комисија денеска соопшти дека според новите правила авиокомпаниите ќе бидат обврзани да воведат психолошка проверка на пилотите пред тие да полетаат.

Агенцијата соопшти дека во соопштението се повикува на систематско тестирање на пилоти и екипажите во авионите на психоактивни супстанции пред нивното вработување, како и на ненајавено тестирање откако ќе се вратат на работа од боледување по помината која било болест.

Во 2015 година копилотот Андреас Лубик ја заклучи кабината на авионот откако пилотот излегол на неколку минути и не му дозволи да се врати на своето место, а потоа ја вклучи командата за слетување и го урна авионот во Алпите.

Во таа несреќа загинаа 150 лица.

Лубик неколку години пред тоа се лекувал од депресија и бил извесно време на боледување, но властите и неговата компанија оцениле дека е способен да лета.

Тие после несреќата соопштија дена не знаеле дека му се вратила претходната состојба.