Стјепан Месиќ имаше сообраќајка во Скопје

Поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан  Месиќ доживеа сообраќајна несреќа, на обиколницата, кај Визбегово. Атомобилот на хрватската амбасада одејќи од аеродромот кон хотелот се судрил со друго возило со скопски регистерски таблички.

Во судирот нема повредени лица, причинета е само материјална штета, јави Телевизија 24.

Од Министерството за внатрешни работи за Телевизија 24 ја потврдија несреќата и локацијата и велат дека интервенирале по пријава на минувачи.

Месиќ, според информациите, допатувал во земјава за да присуствува на меѓународна конференција, на која е најавено присуство и на други поранешни претседатели од регионот.