Сугарески: Ќе се потпишуваат два анекса за автопатот Кичево-Охрид

На кинеската компанија Синохидро најверојатно ќе предложиме два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид. Првиот ќе биде за продолжување на рокот за градба за уште околу три години, а вториот за дополнителната сума за доизградба, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

„За дополнителната сума се уште се прегвара и затоа најверојатно ќе се оди со два анекса на договор. Првиот ќе биде само со продолжување на рокот и најверојатно ќе се потпише до 31 јануари следната година кога истекува рокот за изградба на автопатот, а потоа ќе следи анексот за дополнителната сума, рече Сугарески, одоговарајќи на прашање на денешната прес-конференција во Агенцијата за катастар на недвижности. Доколку беа готови пресметките,додаде, ќе одевме само со еден анекс и за рокот и за сумата.

Тој истакна дека не е точно оти джавата им должи пари на компаниите кои работат на автопатот. – Можно е фирмите да им должат на работниците, но не и државата на фирмите, прецизира Сугарески.

За изградбата на патот кон Албанија посочи дека се додека не се оцени дека е во ред проектната документација нема да се кажуваат рокови.

„Без добра проектна документација само ќе потпишуваме анекси на договори за изградба на патиштата. Затоа не сакам да конкретизирам датум кога ќе почне изгрдбата на овој пат и на патот кон Блаце, потенцира Сугарески.