Судењето за организаторите на 27 април продолжува на 26 август

Судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието, продолжува на 26 август, откако на денешното рочиште одбраната почна со презентирање на материјални докази.

Поранешниот собраниски спикер Трајко Ваљановски читаше делови од
записници на собраниски комисии, координативни состаноци и од неколку продолженија на конститутивната седницата во Собранието, кои ги има предложено како материјални докази, образложувајќи дека правел напори за продолжување на конститутивната седница и избор на претседател, но дека не биле обезбедени деловничките околности за тоа.

Одбраната на Вељановски, има повикано и околу 50 сведоци, пратеници кои треба да бидат сослушани на некои од следните рочишта.

Судот на почетокот на денешното рочиште го прифати барањето на одбраната за сослушување на Маријан Стоилковски–началник на дигитална форензика во МВР за време на изготвување на вештачењата на мобилните телефони, но не го прифати барањето за нивно издвојување од листата на докази.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.