Судири во Ерусалим: Повредени 12 Палестинци

LinkSense.mk

Најмалку 12 Палестинци се повредени денеска во судирите со израелската полиција во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим, соопшти палестинската Црвена полумесечина.

Израелската полиција информира дека интервенирала и дека испукала гумени куршуми и шок бомби, откако стотици луѓе фрлале камења и пиротехнички средства во правец на Западниот ѕид, каде што се одржувала богослужбата на еврејските верници.

Ќе продолжиме одлучно да дејствуваме против бунтовници и одметници заради зачувување на јавната безбедност“, се наведува во соопштението на полицијата.

Во текот на овој месец, имаше речиси секојдневни судири во џамијата, бидејќи исламскиот Рамазан се совпадна со прославата на еврејската Пасха, заради што стотици илјади муслимани и Евреи го посетија просторот на џамијата Ал Акса во Ерусалим, чиј комплекс е свет за двете религии.

Ал Акса е третото најсвето место за исламските верници, а изградено е на врвот на ридот, кој е најсвето место за Евреите, кои го нарекуваат „Планината на храмот“, и тоа со децении е главното жариште на израелско-палестинско насилство.

 

 

 

 

(Фото; АП)