Судот го прифати предлогот на Фетаи за домашен притвор на Јанкулоска

LinkSense.mk

Судечкиот совет го прифати предлогот на специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи и и изрече мерка на претпазливост на екс министерката, Гордана Јанкулоска, односно забрана за напуштање на престојувалиштето, живеалиштето.

Мерката на претпазливост е на сила се до правосилност на пресудата, рече судијаката Добрила Кацарска, која додаде дека доколку обвинетата не се придружува до определената мерка, судот може да определи друга мерка.

Одлуката на судот беше соопштена во отсуство на Јанкулоска и нејзините адвокати.

 

 

 

ИЗВОР: 1ТВ