Татко и малолетна ќерка повредени во верижниот судар на автопатот Велес – Скопје

Во верижниот судир што се случи утрово околу осум часот меѓу шест возила кај Пуста Кула на автопатот ВелесСкопје, три лица се повредени, од кои две се однесени во велешката Општа болница, а едно е пренесено во Скопје.

Поради несреќата, сообраќајот е сé уште во прекин, информираат за МИА од СВР Велес. Велат и дека увидот трае, но наскоро се очекува нормализирање на сообраќајот.

Во велешката болница, според д-р Љупчо Леов, се примени татко и десетгодишна ќерка од Кавадарци кои се со полесни телесни повреди и нагмечувања по телото.

Полицијата ги утврдува причините поради кои дошло до несреќата.

 

 

 

ИЗВОР: МИА