Тајфун го погоди Токио: Летаа автомобили, едно лице загина

Јапонија вчера ја погоди силно невреме. Тајфунот Лупит донесе силни ветрови и обилни дождови на островите.

Во Токио едно лице загина, а едно се води како исчезнато, додека 28 се повредени. Од налетот на тајфунот причинета е голема материјална штета. вредноста на штетата дополнително ќе се утврдува.

Во јужните области Хирошима, Шемана и Ехима властите наредија евакуација на околу 300.200 луѓе.

Јапонските авиокомпании откажаа 63 летови во југозападниот дел на земјата поради тајфунот, објави телевизијата НХК.

Централниот атмосферски притисок на Лупит е 985 хектопаскали, со ветрови кои достигнуваат 23 метри во секунда (51 милји на час) и максимални налети до 35 метри во секунда.

Експертите предупредуваат на засилен ветер и повисоки бранови во наредните неколку денови.

Тајфунот Лупит во четвртокот ги зафати крајбрежните провинции на Кина, предизвикувајќи силни врнежи од дожд во повеќе региони.