Тајфун на Филипини руши се пред себе

Новиот тајфун ги поплави селата во централниот и источниот дел од Филипини, а 68.000 луѓе се евакуирани на сигурно од претпазливост, иако летните бури обично не продираат толку длабоко на копното, изјавија филипински официјални лица.

Тајфунот Суригае има просечна брзина од 195 километри на час, со налети и до 240 километри на час, јави новинската агенција АП.