Твитовите на Трамп го реметат светот

Новоизбраниот американскиот претседател Доналд Трамп повеќе од кој било претседател ги користи социјалните медиуми како би ја обликувал политиката на својата земја.

Најповеќе го има на „Твитер“.

Многу од неговите твитови прават вистински хаос во целиот свет и предизвикуваат бројни прашања за тоа како ќе изгледаат САД под негово водство.

Вчера Трамп „твитна“: „Обединетите нации имаат голем потенцијал, но моментно тоа е клуб каде што луѓето се собираат, разговараат и добро се проведуваат.“

Според многумина „твит“ што не е на нивото на претседател на држава.

Трамп беше активен на Твитер уште одамна, пред да стане кандидат за претседател на САД.

Остро го критикуваше претседателот во заминување Барак Обама, но и ширеше разни непроверени вести.

Неговата претседателска кампања ја одбележаа твитови во кои ја навредуваше и објавуваше секакви податоци, што точни што неточни, за својата тогашна ривалка Хилари Клинтон.

Меѓу останатото укажуваше на нејзини грешки поради кои во јавноста дојдоа информации кои би требало да се под знакот на тајноста.

Трамп сеуште не е инаугуриран, но уште пред електорите да ја потврдат неговата победа објави кој се ќе се најде во Белата куќа.

Така, преку Твитер ги известува граѓаните за тоа со кој и за која функција ќе разговара.

Јавноста така дозна за многу контоверзни лица кои подоцна ги именуваше на високи функции.

Сепак, посебно се опасни неговите твитови поврзани со надворешната политика на САД.

Со еден твит дополнително ги расипа и онака лошите односи меѓу Америка и Кина.

Со објавата дека разговарал по телефон со претседателката на Тајван покажа дека не ја поддржува политиката на „една Кина“.

Неодамна го поткопа авторитетот на претседателот во заминување со повикот преку Твитер за ставање вето на резолуцијата за еврејските населби во Обединетите нации, додека Обама рече дека САД ќе останат воздржани.

Светот најмногу раздрма со овој твит: „САД мораат значително да го зајакнат и прошират нуклеарниот капацитет додека светот не се вразуми околу нуклеарното оружје“.

Експертите велат дека оваа објава е повеќезначајна, но и дека испраќа опасни пораки и закани на други држави и повикува на „нуклеарна трка“.

За некои од пораките подоцна се покаја па ги избриша, некои поради грешки, а некои поради промена на ставот.