Тедрос Гебрејсис е реизбран за шеф на Светската здравствена организација

LinkSense.mk

Тедрос Аданом Гебрејсис беше реизбран на чело на Светската здравствена организација (СЗО) за нов петгодишен мандат, соопштено е во Женева.

Тедрос, првиот човек од Африка на чело на СЗО, немаше противници на годишното собрание на организацијата.

Честитки веднаш упати германскиот министер за здравство кој на Твитер напиша дека Тедрос е избран со 155 гласови од вкупно 160.

Спектакуларен резултат. Честитки, заслужено“, напиша Карл Лаутербах на Твитер.