Тензично на истокот: Јапонија ги подигна борбените авиони

LinkSense.mk

Откако Северна Кореја лансираше ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација на луѓето на островот Хокаидо и го прекинаа железничкиот сообраќај во тој дел од земјата, јапонското Министерство за одбрана нареди полетувањето на ловците Ф-15 за да ги пронајдат остатоците од ракетата, пренесуваат локалните медиуми.

Утринава, по дојавата за лансирањето, јапонскиот министер за одбрана наредил авионите да тргнат во пребарување на теренот.

Според информациите, Северна Кореја лансирала ракета во 7.22 часот по локално време.

Се верува дека ракетата прелетала над областа Аомори и дека паднала во Пацификот околу 7.44.

Веднаш е испратена порака до граѓаните да се евакуираат и да се повлечат во засолништата.

„Северна Кореја лансираше ракета.

Ве молиме евакуирајте се во згради или подземни премини“, објави јапонската влада во порака објавена во 7.29 часот по Токио.

Слична ваква ситуација имаше во 2017 година.

Според Министерството за одбрана на Јапонија, максималната височина е околу 1.000 километри, а растојанието на летот е околу 4.600 километри, што ја прави најдолга должина на летање на севернокорејските балистички ракети.

Наведуваат дека проектилот поминал над областа Аомори околу 7.28 часот, а местото на падот се проценува на околу 3.200 километри источно од градот Камаиши, во областа Ивате.

Ракетата, според првичните информации, достигнала брзина од 17 маха. Засега не е потврдена никаква штета на авиони или бродови.

„Се чини дека тоа во случајов станува збор за балистичка ракета чиј дострел е поголем од дострелот на балистичка ракета со среден дострел“, изјави министерот за одбрана, Хамада.

„Ова е сериозна и непосредна закана за безбедноста на нашата земја. Ова ги загрозува мирот и безбедноста на регионот и меѓународната заедница и претставува сериозна закана за целата меѓународна заедница. Тоа е предизвик“, рече главниот секретар на кабинетот на премиерот, нагласувајќи дека јапонската влада преку својата амбасада во Пекинг упатила остар протест против Северна Кореја.

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)