Тешка сообраќајна несреќа во скопско Трубарево

Денеска околу 13.00 часот во с.Трубарево се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „бмв“ со скопски регистарски таблички, управувано од
Д.Д. (1948), пешак малолетник и мотор управуван од Ќ. И. (1980) од.с.Долно Лисиче.

Возачот на моторот на лице место им подлегнал на повредите.

Со возило на Итна медицинска помош Д. Д.и малолетникот се пренесени во Ургентен Центар.

Увид се врши на местото на несреќата, информираат од МВР.