Тина Тарнер почина на 83 години

LinkSense.mk

Пејачката Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст, соопшти нејзиниот портпарол, пренесува Sky News.

„Тина Тарнер, кралицата на рокенролот, вчера почина  на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија.

Со неа светот губи музичка легенда и модел за улоги, рече нејзиниот портпарол во соопштението. Mузичката легенда во последниве години се бореше со голем број сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи рак на дебелото црево, мозочен удар и целосна бубрежна инсуфициенција за која беше потребна трансплантација на орган.

Тина Тарнер, родена како Ана Меј Булок во Тенеси на 26 ноември 1939 година, беше американска соул, R&B, танц, диско, поп, рок пејачка, актерка, танчерка и кантавтор.

Таа ја носеше титулата „Кралица на рокенролот“. Беше наградена со осум Греми награди, а магазинот „Ролинг Стоун“ ја стави Тина на листата на Бесмртници – најголеми изведувачи на сите времиња.