Папагалот Коки кој Јосип Броз Тито и го подарил на својата внука Александар Броз за деветиот роденден и понатаму е главна атракција на островот Бриони.
Еден е од ретките примероци на жолто-кукмаст какаду кои живеат и до 100 години и спаѓа во поголемите врсти на папагали кои се одликуваат со многу стамено држење, прилично силно и корпулентно тело со големина од 50 сантиметри и силен цврст клун.
Коки има 58 години и често пцуе. За тоа сведочат бројните посетители на Бриони, некогаш омиленото место на тогашниот претседател.
Поради својот придонес во туристичката афирмација на Бриони, Коки доби и своја „летна резиденција“, па на лето не престојува во фазанеријата, туку во непосредна близина на хотелот „Нептун“.
Овој бел педесетосумгодишник е инкарнација на добар туристички работник, кој знае да анимира, заведува и да привлекува внимание на неограничено време.
Едно време бил отсутен од Бриони, но последните три децении, заедно со слоницата Ланка, е најатрактивен жител на островот.
Слоницата Ланка има 44 години, а на Бриони дошла со две и од тогаш не го напуштила островот. Додека Коки пцуе, Ланка сака да си игра со топка.
Слоницата Ланка претседателот Тито ја добил како подарок од Индира Ганди.