Актуелниот претседател на Казахстан, Касим Жомарт Токаев, победи на претседателските избори одржани во неделата, освојувајќи 81,31 отсто од гласовите, потврди денеска претседателот на Централната изборна комисија, Нурлан Абдиров, кој ги објави конечните резултати од гласањето.
„Касим Жомарт Токаев доби 6.456.392 гласа или 81,31 отсто“, рече Абдиров, наведувајќи дека излезноста била 69,44 отсто.
Кандидатот Јигули Даирабаев, од Народната демократска патриотска партија Аујл, е втор со 3,42 отсто од гласовите, додека 5,8 отсто од гласачите гласале за опцијата „Против сите“.