Трагедија во Романија: Четворица мртви во фабрика за оружје

LinkSense.mk

Четири луѓе загинаа, а четворица се повредени во експлозија во фабрика за оружје во Романија, јавија локалните медиуми.

Експлозијата, која се случи во малиот град Бабени на југот на земјата, била предизвикана од противпешадиска мина, пренесе новинската агенција АП.

Жртвите се тројца мажи и една жена.