Трамп ги објави првите назначувања

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го именуваше претседавачот на Републиканската партија, Рајнс Прибус, за шеф на кабинетот во Белата куќа, а конзервативниот медиумски менаџер Стив Бенон за свој главен советник.

Како што оценува АП, Прибус е вашингтонски ветеран со широки врски во Републиканската партија, посебно со претседавачот на Претставничкиот дом на Конгресот, Пол Рајан.

Бенон го водеше конзервативниот веб-сајт „Брајтбарт“, пред да се приклучи на тимот на Трамп во предизборната кампања.

Ниту Прибус, ниту Бенон немаат поголемо искуство во извршната власт.

Во своето соопштение Трамп навел дека Прибус и Бенон се „висококвалификувани лидери кои добро соработувале во кампањата“.