Трамп го кршеше протоколот: Кралицата трчаше по него

LinkSense.mk

При средбата на англиската кралица Елизабета Втора и американскиот претседател Доналд Трамп, американскиот лидер повеќе пати го прекрши протоколот.

Како што е објавено на бројните социјални мрежи, најголемиот „кикс“ Трамп го направил кога одел пред кралицата која се обидела да го стигне.

„Моментот кога ќе сфатиш дека си заборавиш каде си ја оставил кралицата на Англија“, го опиша тој случај еден од корисниците на Твитер.

Според протоколот, англиската кралица мора секогаш да оди напред.

Како што пренесоа англиските медиуми, протоколот е прекршен и при ракувањето, затоа што предвидува секој во знак на почит при поздравувањето да се поклони пред кралицата.