Трамп за Божик посакал мир во светот и градежен материјал

LinkSense.mk

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија воочи Божик телефонски одговарале на прашања од деца кои сакаат да дознаат каде се наоѓа Дедо Мраз.

При еден разговор на Трамп со детето Рајан тој кажал дека негова желба за Божик е мир во светот.

На прашањата претседателот и првата дама одговарале од дневната соба на својот имот на Флорида каде ги поминуваат празниците, а повиците им ги проследувала Северноамериканската воздушно-вселенска команда, која повеќе од 60 години за време на Божиќ организира програма „НОРАД на трагата на Дедо Мраз“.

На едно дете од Вирџинија, кое изразио желба под елката да најде градежен материјал, американскиот претседател, кој се прослави и збогати со градежништво, го охрабрил со зборовите: И јас тоа од секогаш сум го сакал.