Трамп прати порака на „погрешна Иванка“ и направи хаос на Твитер

Доналд Трамп, новиот американски претседател кој користи „Твитер“ со години, направи една голема грешка која предизвика потсмев, а на една хрватска државјанка и донесе неочекувана популарност на социјалните мрежи.

Трамп побрзал да пренесе еден пост за неговата ќерка Иванка Трамп, не забележувајќи ја притоа големата грешка.

Лоренс Гудстајн од Масачусетс ја пофали Иванка Трамп, велејќи дека таа е „жена со вистински карактер и стил“.

Комплиментите беа наменети за неа, ама не стигнаа до неа... ; Иванка Трамп
Комплиментите беа наменети за неа, ама не стигнаа до неа… ; Иванка Трамп

Меѓутоа, тој во постот напишал @ivanka, наместо @Ivanka Tramp, па на тој начин случајно и се обратил на Иванка Мајиќ, жена со хрватско потекло, која живее и работи во Англија, во Брајтон, како истражувач и дигитален советник во градското собрание.

Tramp-Ivanka

Проблемот не би бил голем, ако Трамп, не проверувајќи, не го пренесе тој пост на милиони свои приврзаници, а поголемиот дел од нив, пак, го направиле истото.

Така, преку ноќ Иванка Мајиќ доби бројни нови „обожаватели“, а Трамп многумина го исмејале.

Мајиќ, која не била нешто многу активна во последно време на Твитер, реши да го искористи ова и на Трамп да му даде лекција.

„Вие сте човек со голема одговорност. Можам ли да предложам да бидете повнимателен на Твитер и повеќе време да проведете учејќи за климатските промени“, напишала таа.

Ivanka

Трамп долги години ги негираше климатските промени, велејќи дека ги „измислила Кина“, за дури неодамна да го облажи неговиот став, изјавувајќи дека има поврзаност меѓу луѓето и климатските промени и дека „со отворен ум“ ја разгледува можноста САД да бидат дел од меѓународната спогодба за климатски промени.