Трајанов: Сигурен сум режимот ќе падне!

Павле Трајанов, носителот на листата во изборната единица број 1 од коалицијата „За промени и правда“, и дел на кандидатите за пратеници од таа коалиција одржаа митинг во Сопиште.

„Оваа коалиција ве уверувам ќе биде победник во Скопје и секаде во Македонија. Ние сме гарант за стабилност, сплотеност и единство, затоа што ќе обезбедиме законите да важат за сите подеднакво. Тие што го ограбија народот и ги принудија младите да ја напуштат родната земја мора да ги поразиме. Сигурен сум дека граѓаните не се плашат и уште посигурен сум дека режимот ќе падне“, рече Павле Трајанов на собирот.

Лидерот на Демократскиот сојуз нагласи дека тие им гарантираат стабилност, промени и правда.

Трајанов ги повика жителите на Сопиште да гласаат за кандитатите за пратеници, кои го носат бројот пет. Рече дека токму од нив, од нивната колиција за промени и правда, многу работи зависеле.