Трета победа на МЗТ Скопје во АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва во натпревар од рамјите на 10 коло во АБА лигата, на домашен терен ја совладаа екипата на ФМП со 89:68.

Резултатот по четвртини беше 26:14, 23:18, 22:18 и 18:18.

Во текот на целиот натпревар македонскиот првак беше во водство.

Најефикасен на натпреварот беше Ѓорѓе Дреновац со 24 поени, а Марко Симоновски постигна 15 поени.

Екипата на МЗТ Скопје реализираше вкупно 14 тројки.

Вториот македонски претставник во АБА лигата, екипата на Карпош Соколи во ова коло игра против белградска Црвена Звезда. Овој натпревар се игра во понеделник во 18 часот.

Викендов се играат преостанатите натпревари од ова коло. Екипата на Мега гостува на Морнар, Задар игра во Белград против Партизан, Крка против Игокеа, Будуќност оди на гости кај Олимпија, а Цедевита се среќава со Цибона.